(Видео) Филип Пецовски ѝ пее на Карлеуша додека прави склекови

Македонскиот натпреварувач во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски, го прифати предизвикот на неговата менторка Јелена Карлеуша да прави склекови и да пее. Тој легна на сцената во студиото и запеа пред Карлеуша и пред останатите кандидати што таа ќе ги подготвува за вториот круг на шоуто. Пејачката и овојпат беше воодушевена од енергијата на Филип, па му порача дека македонскиот јазик е секси, особено за пеење.

„Она што те прави поразличен од чистиот шоумен е тоа што убаво пееш и што имаш убава емоција. Тоа е ретко, јас такво нешто никогаш немам видено. Те одбрав тебе, затоа што таков како тебе на балканската сцена не постои. Знаеш, мислам дека македонскиот јазик е секси,“ му рече Јелена.

Според новите правила на шоуто секој натпреварувач има ментор со кој се подготвува за понатамошното натпреварување, а во емисијата „Гранд специјал“ овојпат беше прикажана првата проба на Карлеуша со дел од нејзините кандидати, меѓу кои и Филип.

(Видео) Македонец растури на „Ѕвездите на Гранд“, жирито го врати на бис

Текстот (Видео) Филип Пецовски ѝ пее на Карлеуша додека прави склекови е превземен од Reporter.mk.