(Видео) Филип тагува по Тања

Младиот пејач Филип Јордановски сними спот за песната „Без тебе“. Тој со оваа песна победи на поп-вечерта на Охрид фест 2018 кој се одржа летово.

Видеото го режираше Александар Ристовски- Принц, а се снимаше на неколку локации во Скопје и Куманово. Во спотот, покрај Филип се појавува и една девојка, Тања Коцевска, која има глван улога во спотот. Авторите на песната се Владимир Дојчиновски и Ристо Самарџиев .

„Се надевам дека на публиката ќе и се допадне спотот, а и песната. Ова е моја 17-та песна во мојата досегашна музичка кариера и решив да ви ја подарам сега, за да ви го сопли срцето во овие декемвриски денови“, рече Филип за „Репортер“.

Текстот (Видео) Филип тагува по Тања е превземен од Reporter.mk.