(Видео) Ѓоко Јовиќ сними спот за омилената песна

Пејачот Ѓоко Јовиќ го промовираше видеото за песната „Не е прекасно за среќа“ и се пофали дека му е омилена од албумот „Корени“ што го сними лани. Автори на сите песни на албумот се Магдалена и Лазар Цветкоски. Пејачот својата нова песна ја промовираше на „Фејсбук“.

„Почитувани, пред Вас е мојата нова песна ‘Не е прекасно за среќа’. Со огромно задоволство Ви ја претставувам и Ви благодарам што ме следите неуморно. Оваа песна се издвојува како фаворит за мене од албумот ’Корени’, бидејќи има посебна приказна и моќна порака која, се надевам, ќе допре до Вас“, порача тој.

Погледнете го видеото.

Текстот (Видео) Ѓоко Јовиќ сними спот за омилената песна е превземен од Reporter.mk.