(Видео) Ѓорѓе Давид од Гранд: „Деновите во болница траат бескрајно долго“

Откако рок-пејачот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид, откри дека е позитивен на корона, од болницата во Белград им испрати порака на сите негови обожаватели од Балканот. Вели, подобро да седат дома во изолација, отколку да се сами во болница.

„Многу е подобро да сте во карантин во своите станови, каде што имате телевизори, домашни миленичиња, семејство, отколку да бидете во карантин во болничка соба кајшто не може никој да ве посети. Можете да контактирате само преку камера, немате телевизор, а деновите траат бескрајно долго. Бидете паметни и чувајте се, останете дома“, порача музичарот.

Инаку, Давид е во болница веќе неколку дена, на одделението за пулмологија во клиничкиот центар во Белград. Тој пред да се разболи, неколкупати изјавуваше дека коронавирусот е глупост и дека него не може да го фати болеста.

Ѓорѓе Давид од „Гранд“ заразен со корона

Текстот (Видео) Ѓорѓе Давид од Гранд: „Деновите во болница траат бескрајно долго“ е превземен од Reporter.mk.