(Видео) Хали Бери напорно тренира за совршен изглед

Холивудската глумица Хали Бери им се пофали на фановите за време на напорниот тренинг во вежбална. Таа иако е веќе влезена во шестата деценија од својот живот, не се откажува од нејзиниот совршен изглед и одбива да остари.

Бери објави видео и се пофали со своите стомачни мускули и рамен стомак. Фановите ја пофалија дека изгледа совршено иако има 53 години.

Ова не е првпат глумицата да објави видео по напорните тренинзи. Таа претходно објави и видео од вежбалната кога се подготвуваше за новата улога во филмот Bruised. Таа во филмот ја имаше главната улога, но беше и режисер.

Нејзините пријатели и колеги велат дека таа редовно вежба и внимава на исхраната. Во последниот период интезивно работи на тренинзи и е задоволна од постигнатите резултати.

Текстот (Видео) Хали Бери напорно тренира за совршен изглед е превземен од Reporter.mk.