(Видео) Хари за одлуката да се повлече од кралското семејство: Тажен сум, ама немав избор

Војводата од Сасекс Хари на приватна вечера во Лондон, за прв пат излезе во јавноста со говор, по повод одлуката да се повлече од кралските должности. Хари изјави дека е тажен за донесената одлука, за која не му било лесно, но вели дека немал друг избор.

„Ние се надевавме дека ќе продолжиме да и служиме на кралицата, Комонвелтот и на моите воени здруженија без јавно финансирање. За жал, тоа не беше можно“, изјавил Хари.

Тој својот потег го окарактеризира како „скок во неизвесноста“. Објасни дека со Меган ги нашол „љубовта и среќата на кои се надевал целиот негов живот.

Хари рече дека го повлекува своето семејство за да има помирен живот, далеку од очите на јавноста.

Изразувајќи благодарност до кралицата и до другите членовите на семејството за нивната поддршка, тој рече: ‘Јас и понатаму ќе бидам истиот човек кому му е драга неговата земја и својот живот му го посветува на поддржувањето на каузите, добротворните организации и воените заедници, кои ми се многу важни.“

Се очекува за неколку дена Хари да замине за Канада и да им се придружи на Меган и синот Арчи. Таму ќе го помине поголемиот дел од времето, живеејќи самостојно без никаков финансиска помош од кралското семејство.

Текстот (Видео) Хари за одлуката да се повлече од кралското семејство: Тажен сум, ама немав избор е превземен од Reporter.mk.