(Видео) Хилари Свонк научи да плете во самоизолација

Американската оскаровка Хилари Свонк (45) одлучи да се придржува кон забраните на американската влада за напуштање на куќата, па сега е во самоизолација. Таа откри дека додека седи дома, начила да плете, па објави видео на „Инстаграм“ од капата што ја направила.

„Здраво на сите, со недели сум во оваа куќа со семејството и буквално нема ништо во околината, па решив да научам да плетам. Не знам во што ќе ми помогне тоа, но ете ја исплетов оваа капа што нема врв. Сега ќе одам да перам алишта“, вели актерката.

Свонк, која подолго време не снимаше филмови, на почетокот на годинава го промовираше филмот The Hunt. Таа освои два Оскара, во 2000 и 2005 година.

Хилари беше 10 години во брак со Чад Лоу, од 1997 до 2007 година, а повторно се омажи за Филип Шнајдер во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

Guess What It Is?

A post shared by Hilary Swank (@hilaryswank) on

Текстот (Видео) Хилари Свонк научи да плете во самоизолација е превземен од Reporter.mk.