(Видео) Јована Здравевска сними кавер верзија на Perfect од Ед Ширан

Јована Здравевска, која има само 13 години и учи во ОУ “Даме Груев”-Битола, веќе подолго време со својот глас ги освојува срцата на македонската јавност.

Нејзина прва љубов е виолината, но како инструмент со кој често ги изведува своите песни, маестрално свири и на пијано.

Јована е добитник на голем број награди на повеќе фестивали и музички манифестации, меѓу кои: третото место на Тра -Ла-Ла, прво место на фестивалот Pristina Fest Kids Fest и две први места на фестивалот Art in International Festival во 2017 и 2018 година.

Во нејзината музичка кариериера, Јована се појавува и како композитор на неколку свои песни, а веќе една година македонската и светската јавност можат да ги следат незините cover верзии на песните: Jamiroquai Virtual Insality во соработка и под менторство на Христиан Петковиќ.

Покрај талент за пеење, свирење на виолина и пијано, Јована на патот кон успехот се служи и со својот талент за глума и одличното познавање на неколку странски јазици.

Јована продолжува да плени со својата уникатност, талент и шарм. Наградите и признанијата се само дополнителен доказ дека ја очекуваат уште поголеми успеси.

Текстот (Видео) Јована Здравевска сними кавер верзија на Perfect од Ед Ширан е превземен од Reporter.mk.