(Видео) Кајмакоски тверкаше облечен како невеста – Смеење до солзи во ТЛЗП

Со долга црна перика и вел, облечен како невеста, Даниел Кајмакоски, ја имитираше пејачката Лизо во новата епизода на ТЛЗП. Тој тверкаше на сцената, па го насмеа жирито до солзи. Сите го пофалија неговиот настап, а највоодушевен беше Урош Ѓуриќ, кој на Даниел му порача дека имал совршена имитација.

„Се загрижив колку добро се трансформираш во жена. Од емисија во емисија го креваш нивото на својата презентација колку што можеш. Досега играше многу жени, од секси до дебели жени, и секој пат беше брилијантен“, му рече Урош на Кајмакоски.

Новата епизода од „Твоето лице звучи познато“ ќе се прикажува вечер од 21 часот.

Текстот (Видео) Кајмакоски тверкаше облечен како невеста – Смеење до солзи во ТЛЗП е превземен од Reporter.mk.