(Видео) Кање Вест и Ким Кардашијан се венчале во замок во Фиренца од 16 век

Во замок изграден во 16. век, пред шест години се венчаа познатиот американски рапер Кање Вест и неговата сопруга Ким Кардашијан. На церемонијата присуствуваа нивните семејства и пријатели.

Двојката ги венчаше долгогодишен пријател на семејството Кардашијан, а до олтарот старлетата ја испрати нејзиниот очув Брус Џенер, денес познат како Кетлин Џенер. Италијанскиот тенор Андреа Бочели го испеа неговиот хит Con te partiro.

Се венчаа зад голем ѕид направен од цвеќиња, порачани од Белгија и Париз, со цел да се заштитат од погледите на медиумите и папараците. Претходно било објавено дека телевизијата „Е“ за снимање на целата церемонија на новата брачна двојка ќе им исплати 22 милиони долари.

На венчавката имало повеќе од 600 гости, а меѓу познатите биле и тенисерката Серена Вилијамс, синот на глумецот Вил Смит, Џејда Пинкет и режисерот Стив Меквин.

Деверушите на Ким, нејзините сестри, Кортни, Клои, Кендал и Кајли беа облечени во фустани, модно усогласени со Ким и Кање. Во првиот ред била мајката на Ким, Крис Џенер. Само венчаницата на Ким чинела 2 милиони долари.

„Беше смешно да се гледа Кање колку беше нервозен. Наутро беше насмеан, но како се приближуваше венчавката, приметивме дека станува понервозен“, изјавил еден од гостите на венчавката, за списанието People.

За Кање тоа беше прв, додека за Ким трет брак. Двојката врската ја започна неколку месеци пред венчавката, откако во ноември 2011 година, го прекина 72 дена бракот со кошаркарот Крис Хамфрис. Освен со Крис, зад себе Ким има брак и со музичкиот продуцент Дамон Томасон, за кого се омажи во 2000 година. Се разведоа по три години.

Кање и Ким имаат четири деца. Ќерките Норт и Чикаго и синовите Сент и десетмесечниот Псалм.

Текстот (Видео) Кање Вест и Ким Кардашијан се венчале во замок во Фиренца од 16 век е превземен од Reporter.mk.