(Видео) Карлеуша до прилепчанецот Денис: Не знам дали си машко или женско

Српската пејачка Јелена Карлеуша во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, го искритикува 25 годишниот Денис Димоски од Прилеп, по неговиот настап со песните „Има ли песна за нас“ и „Звао сам ја Емили“.

Карлеуша по настапот коментираше дека не можела да процени дали Денис бил машко или женско.

„Мене ми беше интересен, но не можев да заклучам дали ти си машко или женско. Имаш многу специфичен и чуден глас. Звучеше многу неодредено. Додека зборуваш си неодреден. Имаше и многу грешки во пеењето, особено на краевите“, му порача Карлеуша на Денис.

Денис по настапот доби само еден глас од Ана Бекута, која прифати и да му биде ментор.

Текстот (Видео) Карлеуша до прилепчанецот Денис: Не знам дали си машко или женско е превземен од Reporter.mk.