(Видео) Карлеуша скршена од болка – Прв роденден без мајка ѝ Дивна

Српската пејачка Јелена Карлеуша со настап во Врњачка Бања вчера го дочека својот 41. роденден. Точно на полноќ, неколку илјадници фанови на Карлеуша почнаа да ѝ пеат „Среќен роденден“ во дискотеката кафе што настапуваше, а таа се расплака и ја наведна главата надолу. По ова, организаторите на концертот на сцената ѝ донесоа торта, а пејачката им се заблагодари на сите за поддршката.

Инаку, пејачката уште вчера најави дека ќе го дочека роденденот на настап, и дека ова е најтажниот роденден во нејзиниот живот, бидејќи е прв без нејзината мајка Дивна, која почина годинава во март. „Да ти го еб*м роденденот“, напиша таа пред настапот.

Текстот (Видео) Карлеуша скршена од болка – Прв роденден без мајка ѝ Дивна е превземен од Reporter.mk.