(Видео) Кејт едвај го чека бебето на Меган

Веќе подолго време има шпекулации дека војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, не се во добри односи.

Како причина за тоа често се наведува темпераментот на Меган, но и првичните предрасуди кои принцот Вилијам и Кејт ги имале кон Меган. Имало шпекулации и за тоа дека принцот Хари и Меган се отселиле од палатата за да не мора да поминуваат толку време со Кејт и Вилијам.

Кејт во една пригода при посета на Лестер, каде што им оддавала почит на жртвите во хеликоптерската несреќа над стадионот во Лестер, им одговорила на новинарите на неколку прашања, меѓу другите и оние поврзани за бременоста на Меган.

На прашањето дали е возбудена поради новата принова во кралското семејство, Кејт одговорила дека е многу возбудена и дека едвај чека нејзините деца да си играат со својот братучед или братучедка.

Текстот (Видео) Кејт едвај го чека бебето на Меган е превземен од Reporter.mk.