Сопругата на Коби Брајант, објави видео со најмладата ќерка Капри, која учи да оди. На овој начин Ванеса се обидува да ја намали болката за трагично загубениот сопруг и ќерка.
Коби Брајант и неговата ќерка Џиана загинаа во трагичната хеликоптерска несреќа. Зад себе легендарниот кошаркар ја остави сопругата Ванеса и трите ќерки, Натаија, Бјанка и Капри, која се роди во јуни минатата година.
View this post on Instagram
My Koko Bean. She looks just like my Gigi with her daddy’s eyes. ☀️❤️auntie Ri-Ri. #7months
„Моја Коко, изгледаш како Гиги со очите на својот тато“, напишала Ванеса под видеото, кое го погледнале милиони обожаватели. Ова не е на Ванеса прва објава на социјалните мрежи. Претходно таа им се заблагодари на сите за дадената поддршка во најтешките моменти во нејзиниот живот.
„Моите девојчиња и јас сакаме да им се заблагодариме на милионите луѓе кои ни дадоа поддршка и љубов во овие страшни моменти. Целосно сме скршени од губењето на мојот прекрасен сопруг Коби“, изјавила Ванеса.
Таа и Коби се запознаа во ноември во 1999 година. Коби имал 21 година, а таа 17. Станувало збор за љубов на прв поглед. Двојката само неколку месеци пред несреќата прослави 20 години брак.
Текстот (Видео) Ќерката на Коби ги направи првите чекори е превземен од Reporter.mk.