(Видео) Ќерката на Мадона симулираше оргија

Ќерката на светската музичка ѕвезда Мадона, Лурдес Леон неодамна учествуваше во еден провокативен перформанс на изложбата Арт Басел во Мајами Бич.  Таа на изложбата беше дел од перформанс во кој се симулирала оргија.

23- годишната ќерка на Мадона и нејзиниот екс партнер Карлос Леон заедно со уште 30 модели учествувала во перформансот „ Love Different 2020“.

Лурдес се појавила меѓу последните за време на танцот со влакна под пазувите, пренесе „ Page Six“.

Мадона во едно интервју летово за „Вог“ зборувала за страста на нејзината ќерка Лурдес кон уметноста.

„Лудо е талентирана. Позеленувам од завист што е толку неверојатна во се што работи“,  изјавила кралицата на попот во интервјуто.

Текстот (Видео) Ќерката на Мадона симулираше оргија е превземен од Reporter.mk.