(Видео) „Копито“ ја врати Сара Мејс на сцената

Пејачката Сара Мејс објави тризер-видео од својата нова песна „Копито“. Автор на песната е Александар Ристески Принц, а спотот треба да излезе на крајот на месецот.

„Ова за мене беше ново преубаво искуство, можност да пробам нешто поразлично во музиката, еден различен стил, кој се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката. Инаку од секогаш сум ја почитувала работата на Принц и неговата музика и затоа веднаш ја прифатив соработката во овој проект, кој има специфичен звук“, изјави Сара Мејс.

Во спотот се појавуваат убави девојки, а покрај нив ќе играат и Александар Ристевски – Принц на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани.

Поп-пејачката Сара Мејс веќе осум месеци ужива во мајчинството. Таа вели дека целиот свет и се врти околу ќерката Илина, и често на социјалните мрежи објавува фотографии од неа.

Текстот (Видео) Копито ја врати Сара Мејс на сцената е превземен од Reporter.mk.