(Видео) Македонци разочарани, не се сликале со Здравко по концертот во Нови Пазар

Балканската музичка ѕвезда Здравко Чолиќ во саботата вечер одржа концерт на плоштадот во Нови Пазар. Преку 30 000 луѓе од Србија, но и од регионот дојдоа да ги слушаат песните на 67-годишниот музичар. Во публиката имаше и голем број фанови од Македонија. Некои од нив беа разочарани оти не успеаја да се сликаат со пејачот.

„Дојдовме од Македонија за него. Ни рекоа ќе може да се сликаме. Чекавме 11 часа, а сега обезбедувањето не нè пушти“, рекоа тие.

Насмеан, позитивен, разигран, Здравко ја плени публиката уште со првата песна, „Тебе чувам за крај“. Повеќе од два и пол часа ги пееше своите најголеми хитови, а публиката го врати на бис за уште малку да ужива во одличниот концерт.

„Мислам дека одамна не сум бил во Македонија. Така ми се чини, многу време ми поминува од еден до друг концерт. Инаку, по 16 години пеам повторно во Нови Пазар. Мило ми е што сум тука, убави спомени ме врзуваат за овој град“, рече Здравко за „Репортер“ по концертот.

Тој додаде дека е среќен што во публиката секогаш гледа млади луѓе.

„Ме радува што знам дека моите песни се за сите генерации“, ни рече тој.

(А.Ј)

 

Текстот (Видео) Македонци разочарани, не се сликале со Здравко по концертот во Нови Пазар е превземен од Reporter.mk.