(Видео) Македонец со „Море сокол пие“ е новата ѕвезда на Гранд

Со „Море сокол пие“ и „Дрска жено плава“, 16-годишниот Дамјан Димевски од Скопје го воодушеви жирито во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Додека тој пееше, Јелена Карлеуша неколкупати рече дека Дамјан е одличен, а пофалба за пеењето доби и Марија Шерифовиќ.

„Ти си прв кандидат што ме остави без зборови“, му рече Саша Поповиќ откако го испеа двете песни.

Иако доби пофалби од сите, Дамјан го избра рок-пејачот Ѓорѓе Давид да му биде ментор во натпреварувањето.

Дамјан првпат пее во „Ѕвездите на Гранд“. Тој претходните две години се натпреваруваше во „Гранд ѕвездички“ и дојде до финалето. Негов заштитен знак се македонските изворни песни.

Mojot nastap od #ZvezdeGranda

Gepostet von Damjan Dimevski am Montag, 29. Oktober 2018

Текстот (Видео) Македонец со „Море сокол пие“ е новата ѕвезда на Гранд е превземен од Reporter.mk.