(Видео) Македонка во филм со Скарлет Јохансон, објавен првиот трејлер

Студиото „Марвел“ во објави новиот трејлер за филмот „Црната вдовица“ во кој се појавува и македонската глумица Симона Браун-Живковска. Таа во филмот глуми покрај светската ѕвезда Скарлет Јохансон, која ја има главната улога. Симона видеото го сподели на „Твитер“ и откри дека е возбудена што филмот ќе почне наскоро да се прикажува во кината.

„Не можам да опишам колку сум возбудена и благодарна за ова што се случува. Нови снимки од ‘Црната вдовица’. Можете ли да ме видите?“ напиша Симона.

25-годишната Симона, по татко Македонка, а по мајка Британка, е родена е во Скопје на 24 јуни 1994 година. Во 2001 година таа се преселила во Велика Британија со родителите, каде што ја почнала актерската кариера. Таа досега глумела во ТВ-серијата Devils и се појавила во повеќе кратки филмови.

Најновиот филм за агентката Наташа Романов (Јохансон), ги раскажува авантурите на Црната вдовица помеѓу периодот прикажан во филмовите Civil War и Infinity War. Премиерата на филмот е закажана за мај. Филмот ќе се прикажува во „Синеплекс“, а ќе има премиера на истиот ден кога „Црната вдовица“ ќе има светска премиера.

Македонка глуми во новиот филм на Скарлет Јохансон

Текстот (Видео) Македонка во филм со Скарлет Јохансон, објавен првиот трејлер е превземен од Reporter.mk.