(Видео) Македонските пејачи ја снимаа божикната песна

Поп-пејачите Елена Ристеска, Викторија Лоба, Димитар Андоновски, Влатко Лозаноски, Мартин и Стефан од „Некст тајм“ и Златните славејчиња деновиве го снимаа видео спотот за  божиќната песна „Небо и земја“.

Спотот кој е дел од Бадниковата манифестација „Бадникови поворки“  се снимаше на неколку локации низ Скопје.

Голем број деца во овој празничен период се подготвуваат за учеството на манифестацијата, која ќе се одржи на 6-ти јануари 2019 година, на платото пред Св. Димитриј, каде што од 11 часот ќе има бесплатен концерт и претстава.

Целиот спот се очекува да биде промовиран утре на 4-ти јануари 2019 година.

Текстот (Видео) Македонските пејачи ја снимаа божикната песна е превземен од Reporter.mk.