(Видео) Манекенка колабираше откако победи на светски избор за убавина

Парагвајката Клара Соса колабираше на сцената откако беше прогласена за победничка на изборот на Мис гранд интернешнел. Taa сепак, брзо се крена на нозе и со насмевка ја прими круната од минатогодишната победничка Марија Лора Хозе од Перу.

На натпреварот што се одржа во Јангон во Мјанмар учествуваа претставнички на 79 земји. За први придружнички беа избрани Менакши Каудхари од Индија и Надија Пурвоко од Индонезија, додека меѓу првите пет се пласираа претставничките на Порторико – Надија Колон Ривера и на Јапонија – Харука Ода.

Miss Grand International 2018

Gepostet von นางงาม am Donnerstag, 25. Oktober 2018

Текстот (Видео) Манекенка колабираше откако победи на светски избор за убавина е превземен од Reporter.mk.