Марија Ичкова која публиката ја запозна во шоуто „Икс Факто“, ја промовира песната „Пак да те допирам“. Бојан Трајковски „Ај Кју“ е комплетен автор и продуцент на песната.
„Со нетрпение чекав Марија Ичкова да ја испее оваа песна. Уште пред да се случи тоа знаев дека ќе биде полн погодок“, вели Бојан.
И Марија е презадоволна од песната и открива дека откако ја снимила, песната постојано ѝ се вртела во глава.
„Обично тоа ми се случува со песни од други пејачи а овој пат беше забавно да тоа биде мојот глас“, вели Марија.
Текстот (Видео) Марија Ичкова објави нова песна е превземен од Reporter.mk.