(Видео) Марија Ичкова објави нова песна

Марија Ичкова која публиката ја запозна во шоуто „Икс Факто“, ја промовира песната „Пак да те допирам“.  Бојан Трајковски „Ај Кју“ е комплетен автор и продуцент на песната.

„Со нетрпение чекав Марија Ичкова да ја испее оваа песна. Уште пред да се случи тоа знаев дека ќе биде полн погодок“, вели Бојан.

И Марија е презадоволна од песната и открива дека откако ја снимила, песната постојано ѝ се вртела во глава.

„Обично тоа ми се случува со песни од други пејачи а овој пат беше забавно да тоа биде мојот глас“, вели Марија.

Текстот (Видео) Марија Ичкова објави нова песна е превземен од Reporter.mk.