(Видео) Марија Шерифовиќ жали што не снимила дует со Тоше

Српската пејачка Марија Шерифовиќ жали што никогаш немала можност да пее заедно со Тоше Проески и што не снимила дует со починатата ѕвезда. Таа неодамна одржа концерт во Белград, каде што првпат јавно прозборе за пријателството со Тоше. На публиката на концертот ѝ раскажа дека пред да загине Тоше, тие разговарале за соработка, но таа, никогаш не се случила. Потоа ја испеа неговата песна „Боже чувај ја од зло“ и доби огромни овации и аплауз.

„Постои само еден машки изведувач со кој имав голема желба да снимам дует. Но, во овој универзум, во оваа епизода од животот не стигнавме да го направиме тоа. А штотуку почнавме да зборуваме за тоа. За мене тој е најдобриот машки вокал што некогаш се родил на овие простори. Беше многу убав, весел, ведар, ужасно скромен, и најверојатно затоа пееше дека ‘толку малку му треба под ова свето небо’“, рече Марија на концертот.

Текстот (Видео) Марија Шерифовиќ жали што не снимила дует со Тоше е превземен од Reporter.mk.