(Видео) Мартина промовира нова песна

Младата пејачка Мартина Митревска сними спот за песната „Мило мое“ што ја испеа на годинашниот „Макфест“. Спотот во режија на Кристијан Шемко е снимен на локалитетот Куклици. Музиката и текстот за „Мило мое“ се на Ристо Самарџиев, а аранжманот го направи Кристијан Габровски.

Публиката ја запозна Мартина со учеството во музичкото „Кастинг талент шоу“, каде што се избираа главните ликови за мјузиклот „Тајно моја“. По шоуто, Мартина ја сними својата прва песна „Љубовта нема граници“.

Текстот (Видео) Мартина промовира нова песна е превземен од Reporter.mk.