(Видео) Милан Станковиќ поради Кија Коцкар ја скршил раката

Иако не требаше да биде во жирито на „Пинкови ѕвездички“, Минал Станковиќ денеска со скршена рака стигна на снимањето на емисијата. На прашањето на новинарите што се случило, пејачот на шега одговорил дека се степал поради неговата колешка Кија и изгубил.

„Се тепаше поради Кија?“, се пошегуваа новинарите со Милан.

„Да се тепав. За жал паднав. 30 години бев толку смотан па за прв пат ја скршив раката“, објасни Милан.

Милан на црвената столица, заедно со уште Гоца Тржан, Наташа Беквалац, Леонтина Вукомановиќ и Кристија Кија Коцкар.

Милан од оваа сезона вели дека очекува многу повеќе и смета дека ќе одбраните натпреварувачи ќе дадат многу повеќе во однос на оние од претходните сезони.

„Дефинитивно тие пораснаа и тргнаа по некој свој пат. Некои имаа некакви настапи, успеаа да присвојат голем број фанови и деца од сите страни. Сега можат да стекнат некаква слика за себе, што сакаат да бидат, со која музика да се занимаваат и слично. Би сакал да се профилираат и да бидат подготвени да дојдат на сцената како вистински пејачи, а не како натпреварувачи“, изјавил Милан, а потоа се осврнал на неговите колеги Сергеј Четковиќ и Јелена Томашевиќ кој си заминаа од жирито.

„Со нив беше убаво, но оваа година очекувам многу повеќе затоа што имаме засилување со две жени. Јас сум тука единственото машко. Мислам дека ќе биде луди. Забавни се и Кија и Наташа Беквалац, која добро ја знам“, изјавил Милан и се пошегува дека негова вечна желба му била да биде Сулејман Величествениот.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк:

 

 

 

Текстот (Видео) Милан Станковиќ поради Кија Коцкар ја скршил раката е превземен од Reporter.mk.