(Видео) Миленикот ја тинејџерките ја препеа „Вејруј у љубав“ на Оливер

Младиот пејач , Филип Пешевски кој одамна им е миленик на тинејџерките ја препеа познатата песна на Оливер Драгојевиќ, „Вјеруј у љубав“.  Филип (22)  публиката го запозна откако лани  настапи како дебитант на  „Макфест“ и ја испеа песната „Кукло моја несудена“. Со своето пеење тој го привлече вниманието на публиката и на девојчињата во Македонија. Филип, е студент на Факултетот за музичка уметност, за „Репортер“ откри дека навистина се забавувал додека пеел на фестивалот во Штип.

„Не можам да го опишам чувството. Песната ѝ се допадна на публиката, имаше навистина силен аплауз по мојот настап, а јас уживав додека бев на сцената“, ни рече тој.

Текстот (Видео) Миленикот ја тинејџерките ја препеа „Вејруј у љубав“ на Оливер е превземен од Reporter.mk.