(Видео) Момче од Конго ја препеа „Ој девојче девојче“ со македонскиот бенд 2Be

Македонскиот поп-рок бенд 2Be ја препеа народната песна „Ој девојче девојче“ заедно со Глоридие Тузолана од Конго. Ова е нивна втора соработка, откако претходно направија кавер на песната I Belong to You. Бендот, кој е познат по преработките на македонските забавни хитови, пред неколку месеци ја промовираше третата авторска песна, „Илјада ѕвезди“.

Текстот (Видео) Момче од Конго ја препеа „Ој девојче девојче“ со македонскиот бенд 2Be е превземен од Reporter.mk.