(Видео) На Роналдо му се заканува доживотна робија

Играчот на Јувентус Кристијано Роналдо, би можел да се соочи со казна од доживотен затвор, поради наводното силување на Кетрин Мајорга во 2009 година. Португалецот беше обвинет од Мајорга која тврди дека пред десет години таа била сексуално злоставувана.

По тој повод се огласи и Роналдо на социјалните мрежи, кои со блага насмевка изјави дека не е премногу загрижен за обвинувањата на негова сметка.

„Она што го пишуваат медиумите се „лажни вести“. Се пишуваат од луѓе и за луѓе кои сакаат да се промовираат користејќи го моето име. Тоа е нормално. Но, јас сум среќен човек и сето тоа е во ред“, изјавил Роналдо на видеото.

Мајорга тврди дека во 2009 година, кога работела како хостеса во хотелот во Лас Вегас, Роналдо ја принудил на анален секс, а потоа и се извинил.

„Откако ме силуваше се извини. Клекна и ми рече дека тој 99% е добар човек, но не знае што се случува со оние 1%“, изјавила Мајорга во едно интервју, а адвокатите на Роналдо најавија тужба за клевета против весниците кои ја објавија веста.

Во Невада случаите со силувања не застаруваат, а злосторникот би можел да добие и доживотен затвор со можност за условна слобода од 10 години. Иако во 2010 година Мајорга ги прифатила тие 375.000 долари на сметка на Британски Девствени Острови во замена да молчи, сега се подготвува да се соочи со настанот кој и го променил животот. Вели дека по тој настан смислата на живот ја пронашла во алкохолот и на тој начин се борела со суицидните мисли.

Текстот (Видео) На Роналдо му се заканува доживотна робија е превземен од Reporter.mk.