(Видео) Неда Украден е бомба, на 70 години и секси и на мотор

Српската пејачка Неда Украден ја промовираше новата песна „Бомба“. Облечена во кожени панталони и јакна, таа во спотот вози мотор, а фановите ѝ порачаа дека никогаш не била посекси. „Им пркосиш на годините, не е реално колку добро изгледаш“, „Оган си жено, гориш“, се дел од коментарите на „Јутјуб“.

Песната „Бомба“ Неда ја направи со нејзините долгогодишни соработници Душан Бачиќ и Дејан Николиќ, а режисер на спотот е Дарио Радусин.

„Иако насловот на песната е бомбастичен, темата е љубовна, зборува за неверството и како да го преболите“, рече пејачката за српските медиуми.

Текстот (Видео) Неда Украден е бомба, на 70 години и секси и на мотор е превземен од Reporter.mk.