(Видео) Новак Ѓоковиќ се опушта со музика на Оливер Драгојевиќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со неговата сопруга Јелена се снимија додека уживаат во музиката на хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ.

Светскиот тенисер не крие колку ја сака музиката на неодамна починатиот музичар. Брачната двојка синоќа ја пееја „Трага во бескрај“.

„По долгиот и успешен ден, нема подобар начин за опуштање и малку пеење со мојата сакана. Не сме најдобри во пеењето, но се обидуваме да се забавуваме. Ова е една од нашите најдраги песни. Со секоја песна на Оливер која ја пееме, оставаме трага во бесконечноста“, напиша Новак под објавената снимка.

Бројните обожаватели на тенисерот, во коментарите му порачаа дека направил добра одлука што избрал да игра тенис, место да се занимава со пеење.

 

Текстот (Видео) Новак Ѓоковиќ се опушта со музика на Оливер Драгојевиќ е превземен од Reporter.mk.