(Видео) Објавена нова песна на Оливер Драгојевиќ

Новата песна на Оливер Драгојевиќ со наслов „За твоје добро”, за која текстот го напиша неговиот пријател и колега Златан Стипишиќ – Џибони, е достапна на „Јутјуб“. Неговите обожавтаели, постојано пипуваа позитивни коментари за неговата песна.
„Џибони е гениј. Најдобра можна комбинација се неговите стихови и гласот на Оливер”, „Прекрасен човек, и уште попрекрасна песна”, „Ова е дар од небото”, „Недостигаш капетане, никогаш никој како тебе, нека те чуваат ангелите”, „Колку недостасуваш”,„Без зборови сум”, се само некои од коментарите под песната објавена на „Јутјуб“.
Пејачот почина на 29 јули годинава, на возраст од 71 година, по битката со ракот на белите дробови, но тој остави зад себе голем број хитови по кои публиката засекогаш ќе го помни.

Текстот (Видео) Објавена нова песна на Оливер Драгојевиќ е превземен од Reporter.mk.