(Видео) Овации за Влатко Стефановски во Мелбурн

Виртуозот на гитара Влатко Стефановски вчеравечер одржа концерт во Мелбурн, со што ја почна австралиската турнеја што беше закажана пред повеќе месеци. Тој со своето трио настапи пред бројна публика, која го пречека и го испрати со овации и силен аплауз, пренесува „Досие“.

„Добровечер драги пријатели, голем поздрав од Македонија. Ние сме првпат во Австралија. Првата импресија за Мелбурн е фантастична, сега ќе се обидеме ние да оставиме импресија на вас“, им се обрати Влатко на присутните.

Вечерва Влатко има концерт во Сиднеј, а утре (2 декември) ќе свири во Перт.

Турнејата на Стефановски почна само неколку дена по ненадејната смрт на неговиот постар брат, драматургот и писател Горан Стефановски. На социјалните мрежи коментираат дека само вистински професионалец и голем уметник нема да ги разочара фановите и ќе ја изработи својата работа до крај.

И покрај смртта на брат му, Влатко не ја откажа турнејата во Австралија

Текстот (Видео) Овации за Влатко Стефановски во Мелбурн е превземен од Reporter.mk.