(Видео) Партнерот на Анџелина Џоли во филмот за „Томб Рајдер“ прободен со нож

Глумецот Сајмон Јам бил избоден со нож во пределот на стомакот, од страна на непознато лице. Полиција го нашла и уапсила напаѓачот на југот на Кина. Низ тамошните медиуми кружи снимка на која Јам стои на сцената по повод отворањето на трговски центар во Гуангџоу, а непознатото лице се залетало кон него со нож во рацете.

Неколку секунди подоцна, актерот се држи за стомакот, а на бината пристингале лицата од обезбедувањето. Луѓето од публиката го следеле целиот настан, а некои од нив помислиле дека станува збор за договорена сцена. Сајмон кој се држел за стомакот, викал дека мора веднаш да биде однесен во болница.

Неговиот менаџер Лестер Мо, изјавил дека Јам се здобил со убодни рани во пределот на стомакот и исекотини во десната рака.

„Го оперираа и е надвор од животна опасност. Мотивот за нападот, засега не е познат“, изјавил Мо.

Јам глумел во повеќе од 125 филмови и 40 телевизиски серии, а во Холивуд дебатирал со филмот „Томб Рајдер 2: Лулка на животот“ од 2003 година.

Во филмот Мо го игра главниот негативец Чен Лоа, на кого му се спротивставува Лара Крофт која ја игра Анџелина Џоли.

Текстот (Видео) Партнерот на Анџелина Џоли во филмот за „Томб Рајдер“ прободен со нож е превземен од Reporter.mk.