(Видео) Песната што ја испеа Антонија е на Пепи Бафтировски, не на Каролина

Младата пејачката Антонија Гиговска, која вчера предизвика воодушевување во јавноста, по настапот на „Пинкови ѕвездички“, откако ја испеа „Ако згрешам нека изгорам“. Во најавата, покрај името и годините на кандидатот, во овој случај Гиговска и земјата од каде доаѓа, стоеше и името на оригиналниот изведувач. Но, овој пат беше направена грешка, па немсто Пепи Бафтировски, стоеше Каролина Гочева.

 

Србите згрешиле, во највата, кои и да им кажал дека е Каролина, но нашиве медиуми, повеќето, во тексотовите помпезно пренесоа дека „Гиговска се решила за песната која ја пее Каролина“.

Со сопругата Ава

Колку за потестување, Пепи Бафтировски е еден од бардовите на македонската современа музика. Тој е од она време кога Фолк-фест Валандово , беше еден од напрестижните фестивали за народна музика кај нас и на кој се пее песни, кои потоа стануваа хитови. Пепи е роден 1941 година, а почина во 2008 од рак на белите дробови во  Чикаго,  каде што престојуваше последните неколку години. Беше во брак со фолк пејачката  Ава Керш.

 

Текстот (Видео) Песната што ја испеа Антонија е на Пепи Бафтировски, не на Каролина е превземен од Reporter.mk.