(Видео) Песни и ора, Цеца растура среде Косовска Митровица

Српската фолк ѕвезда Цеца Ражњатовиќ, дојде во Косово да одржи концерт. Иако беше најавено дека нема да може да ја помине границата, таа сепак стаса до Косвска Митровица. Песни, ора, Цеца ги пее своите хитови заедно со насобраните граѓани. Пејачката со ова им се  приклучи на Србите во Косовска Митровица кои се на мирен протест

 

Како што беше соопштено, таа со концерт сака да  даде поддршката за протестите во Косовска Митровица кои се противат на воведените такси од 100% за српските производи.

Цеца уште вчера за српските медиуми изјави дека не се плаши да отиде таму, и дека добила покана, која веднаш ја прифатила, затоа што долги години не била во Косово. „Само слогата Србите ги спасува“, порача Цеца пред заминувањето за Косово.

Концертот го обезбедуваат припадници на КФОР, а присутни се голем број медиуми, меѓу кои и косовските.

 

 

Текстот (Видео) Песни и ора, Цеца растура среде Косовска Митровица е превземен од Reporter.mk.