(Видео) Познатите на ТикТок се трудат изолацијата да им биде забвана

Познатите, како и сите останати,  деновите ги поминуваат дома и редовно на социјалните мрежи ги повикуваат следбениците да го направат истото, а многумина се трудат да ја направат изолацијата забавна.

На социјалните мрежи овие денови особено се истакна една забавна платформа ТикТок. Многу од ѕвездите одлучија да се придружат на оваа релативно нова социјална мрежа на која моментално најпопуларно е да се објавуваат видеа од танцување.

Познатите дами кои особено ги изненадија обожавателите се актерката Џесика Алба и манекенката Емили Ратајковски.

Џесика објави неколку видеа во кои танцува со ќерките Хавен и Хонор.

И Ратајковски ги расположи фановите, а  попкажа и интересен танц кој ллесно можете да го научите.

Уште некои ѕвезди се истакнаа на ТикТок, како Џенифер Лопез, Бела Хадид, Алекс Родригез и сл.

Текстот (Видео) Познатите на ТикТок се трудат изолацијата да им биде забвана е превземен од Reporter.mk.