(Видео) Пред 28 години Лука Модриќ чувал овци

Павле Баленовиќ, поранешен музичар и филмски каскадер, го посветил својот живот на проучување на Велебит и неговиот животински свет, пред се волците, кои на таа планина ги има во голем број. Во еден документарен филм за волците на Велебит, Баленовиќ снимил кадар на кој се гледа петгодишниот Лука Модриќ во преголема јакна како чува кози.

Откако еден коментатор на Јутјуб го прашал дали навистина се работи за капитенот на Хрватска, Баленовиќ кратко одговорил: „Да, тоа е тој“. За време на своите патувања на Велебит, Баленовиќ се спријателил со Стипе Модриќ, таткото на Лука. 5-годишниот Лука се гледа на снимката околу 2:30 од видеото.