(Видео) Принцот Хари изгладнет краде колачиња

Принцот Хари беше снимен од камерите како краде за време на промоцијата на книгата на неговата сопруга Меган Маркл.

Војвотката од Сасекс издаде книгата на омилените рецепти на жените, кои минатата година ги изгубија домовите во пожарот во Лондон кога изгоре Гренфел кулата.

На настанот присуствуваа голем број на лица, како и членови на кралското семејство, а најголемото внимание го освои нејзиниот сопруг Хари.

Прегладнетиот Хари немал трпение да почека да заврши официјалниот дел од настанот, па зема од колачите кои ги сокри зад грбот.

Текстот (Видео) Принцот Хари изгладнет краде колачиња е превземен од Reporter.mk.