(Видео) Путин славеше роденден во дивината во Сибир

Рускиот претседател Владимир Путин го прославил својот 67. роденден во дивината во Сибир, додека собираше печурки и уживаше на планина. Путин, кој е познат како голем авантурист, заминал на одмор во Сибир во друштво на министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

На објавената снимка е прикажан Шојгу, кој додека шетал во шумата ископал корен од јагода. Путин се пошегувал дека министерот ќе ја засади јагодата во градината на неговиот летниковец, но Шојгу одговорил дека на растенијата им треба друга клима.

Текстот (Видео) Путин славеше роденден во дивината во Сибир е превземен од Reporter.mk.