Шест месеци откако најавои дека ја снимила првата песна „Совршен пар“, Анастасија Ражнатовиќ денес го промовира спотот. Видеото за неполн час има преку 18.000 прегледи. „Песната е вистински летен хит“, „Како за мене да е пишувана“, „Анастасија ќе ја надмине Цеца“ се само дел од коментарите под видеото на Јутјуб. Анастасија, пак, ја опишуваат како „жешка мамасита“ и „секси дива“.
Првата песна на Анастасија ја направи македонскиот композитор Дарко Димитров, а текстот го напиша самата Анастасија. Во видеото се појавува бразилскиот манекен Педро Солц. Видеото е снимено на неколку локации во Белград.