(Видео) Симеон Коруновски е новиот миленик на тинејџерките

„Каде сме“ е насловот на новата песна на младиот пејач Симеон Коруноски. Песната е направена во соработка со композиторот и продуцент Иле Спасев. За песната се снимаше и спот, а кадрите се направени на приватен имот во Сопиште.
Симеон важи за миленик меѓу тинејџерките, а во изминатата сезона доби Гран при награда на Меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Бугарија и награда за најдобар дебитант на Охрид фест. Симеон беше финалист на Кастинг талент шоу и дел од кастот на мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески. Неодамна ја објави песната Don’t you know во соработка со Кортекс.
Погледнете го спотот за песната „Каде сме“.