(Видео) Со нова песна Четкар го најави третиот албум

Џез-музичарот Владимир Четкар сними спот за инструменталната песна Joyride. Видеото е снимено на неколку локации во Охрид, во режија на Борче Димовски. Песната е дел од неговиот трет студиски албум, наречен Going Home. Новиот албум на Четкар ќе биде издаден во март од страна на P-Vine, една од најпознатите јапонски и светски музички куќи. По промоцијата во Јапонија, албумот ќе биде промовиран во Македонија, Америка и во уште неколку европски земји.

„Joyride е снимана вo њујоршките студија The Bunker Studio и Cowboy Technical Services, а мастерингот е работан во Лондон во Carvery Mastering. Горд сум на сето она што го направив изминатите месеци. Интересно е и тоа што песната Come With Me, со која го најавив овој албум, секојдневно се пушта на многу радиостаници во Јапонија“, рече Четкар.

Текстот (Видео) Со нова песна Четкар го најави третиот албум е превземен од Reporter.mk.