(Видео) Со новиот спот Луна Џогани ја копира Анастасија Ражнатовиќ

Луна Џогани, ќерката на Анабела Атијас и Гаге Џогани, од некогашната група „Фанки Џи“, вчера го промовираше спотот за нејзината прва песна „Деветти круг“. Tаа се пофали дека е пресреќна што за 12 минути спотот е прегледан 100.000 пати, но на социјалните мрежи многумина ѝ порачаа дека сака да ја имитира Анастасија Ражнатовиќ. „Ти си само лоша копија на Анастасија“, стои во коментарите.

Песната на Луна ја направи македонскиот композитор Дарко Димитров. Според победничката на „Задруга“, „Девеети круг“ е посветена на неа и на нејзиниот емотивен живот, но и на сите проблеми низ коишто поминала во последно време. Спотот досега е прегледан повеќе од 1,5 милион пати.

За потсетување, Дарко Димитров е автор и на првите две песни на Анастасија, а таа со Дарко веќе работи и на нејзината трета песна.

Инаку, Луна и Анастасија во минатото беа најдобри другарки, но тие не разговараат веќе неколку години.

Текстот (Видео) Со новиот спот Луна Џогани ја копира Анастасија Ражнатовиќ е превземен од Reporter.mk.