(Видео) Со згодни девојки Даниел Крстески ќе ја освојува сцената

Младиот пејач Даниел Крстески денес го промовираше спотот за најновата песна „Сто една“. Покрај Даниел како автор се потпишува и Борјан Кралески, а се снимаше на неколку локации во Преспа.

Во видеото покрај пејачот се појавуваат многу атрактивни девојки. Песната има лесен ритам и за кратко време наиде на позитивна реакција кај публиката.

„Ова е прв пат каде јас се потпишувам како автор. Покрај мене заслуги за песната има и Борјан Кралески. Песната „Сто една“ е различна од досегашните мои проекти и веќе имаме позитивни и пофални коментари“, вели Крстески.

Пејачот подготвува уште две нови песни, кои се очекува да ги промовира до крајот на годината.

Текстот (Видео) Со згодни девојки Даниел Крстески ќе ја освојува сцената е превземен од Reporter.mk.