(Видео) Тамара е најдобар интернационален артист на „Кенга Маџик“ во Албанија

Пејачката Тамара Тодевска вчера беше прогласена за најдобар интернационален артист на престижниот музички фестивал „Кенга Маџик“ во Тирана, Албанија. Таа на фестивалот ја испеа со песната Monsters, која за неа ја направи екипата што работеше и на евровизиската песна Proud – музиката е на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, а текст го напиша Коста Петров.

„Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на моето семејство и на Македонија“, рече Тамара кога ѝ ја дадоа наградата.

Во моментов Тамара го привршува нејзиниот трет студиски албум, а до крајот на годината ќе го промовира и видеото за Monsters.

Текстот (Видео) Тамара е најдобар интернационален артист на „Кенга Маџик“ во Албанија е превземен од Reporter.mk.