(Видео) Тијана прв пат се качи на скии

Поп-пејачката Тијана Дапчевиќ е на зимување во Копаоник, во Србија, каде учи да скија. Таа е таму заедно со синот Вук и инструкторот Ненад, кој ја убедил Тијана да се качи на скии и да проба да скија.

„Да ми кажеше некој дека јас ќе застанам на скии, а нема да паднам, ќе му кажев дека не е нормален. Истото му го кажав и на инструкторот, а тој беше убеден дека ќе ме научи и да џускам на скииве“, вели Тијана.

Тијана, покрај музичките ангажмани, деновиве ја гледаме и како Германката Ула, во популарната домашна серија „Преспав“.

Текстот (Видео) Тијана прв пат се качи на скии е превземен од Reporter.mk.