(Видео) „Врели модели“, освежување на македонската музичка сцена

Од неодамна на македонскиот музички простор е и новата група Stragers. Деновиве тие го објавија својот прв спот за песната „Врели Модели“, а најавија и нови песни и видео спотови.

Членовите на групата велат дека за кратко време планираат да ја освојат помладата публика и љубителите на трап-музиката. Спотот е сниман на повеќе локации низ Македонија, а го снимаше М. Кангалов.

„Се снимаше во Велес, во дискотека во Штип и Пониква и веднаш наидовме на позитивни реакции од публиката“, вели Андре Миске, едниот од пејачите, кој веќе ѝ е познат на публиката.

Миске досега има соработувано со некои од македонските пејачи како Ноне Неделковска, Роберт Билбилов и Александар Тарабунов, а пред еден месец сними дует, со поранешната сопруга на Даниел Кајмаковски, моделот Кристина Димитри. Двајцата ја снимија песната „Сакам пак“.

„Во иднина планираме и нови песни и мислиме дека ќе бидеме одлично освежување во македонскиот музички етер“, велат момците од Strangers.

Текстот (Видео) „Врели модели“, освежување на македонската музичка сцена е превземен од Reporter.mk.