(Видео) Заљубено танцуваат, Меланија и Трамп прославија 15 години брак

Белата куќа објави фотографија од американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама на САД Меланија како танцуваат во Белата куќа. Двајцата изгледаат среќни и заљубено.

Фотографијата е објавена на официјалниот профил на Белата куќа на „Инстаграм“ и „Твитер“. Меланија изгледала елегантно во фустан, додека Трамп носел класично оддело.

Голем број од американските медиуми им честитаа 15 годшнина брак, а многумина се присетија објавувајќи фотографии од нивната венчавка.

Сепак многумина на кои Трамп не им е омилен лик во политиката, се пошегуваа на сметка на неговиот брак поради големата разлика во годините со Меланија, а еден од твитерџиите напишал дека на некои од фотографиите се гледа како Меланија флертува со канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Таа само чека Трамп да падне“, напишала твитерџиката Кендас Џоунс.

Текстот (Видео) Заљубено танцуваат, Меланија и Трамп прославија 15 години брак е превземен од Reporter.mk.