(Видео) Запален џипот на Арменд Рамадани

Утрово непознати лица го запалиле џипот на познатиот фризер и стилист Арменд Рамадани, пренесува Тв21. Настанот се случил пред неговиот дом во Скопје – Север.

Станува збор за марка „Опел Антара“. Причинета е голема материјална штета.

Случајот веднаш бил пријавен кај надлежните.

Рамадани веднаш стигнал на лице место и лично бил сведок на немилиот настан.

(Видео/ТВ21/Фото/1.тв)

 

Текстот (Видео) Запален џипот на Арменд Рамадани е превземен од Reporter.mk.